Термостатот ја контролира температурата во моторот со прилагодување на протокот на течноста за ладење кон радијаторот. Брзо ја постигнува идеалната проценета температура на моторот.

Термостатот ја одржува температурата на моторот при нормално работење во текот на годината, без оглед на надворешната температура.

Спречува прекуменра потршувачка на гориво.

Го зголемува векот на траење на моторот.

Ја намалува емисијата на загадувачки гасови.

Принцип на работа:

Термостатот е направен од ДИЛАТАНТ, работејќи како сензор и придвижувач на температурата, претворајќи ја топлинската енергија на течноста за ладење во механичка енергија, создавајќи го поместувањето на централната оска со цел да се постигне отворање на главниот вентил.

По намалувањето на температурата на течноста за ладење, главниот вентил се враќа во затворена положба, поради прилагоденото дејство на федерите во насока спротивна на отворањето на вентилите.

Фактори што ја намалуваат потребата за замена на термостатите:

  • Честа замена на течноста за ладење, барем еднаш годишно.
  • Употреба на течноста за ладење препорачана од производителот.
  • Отстранување на воздушните меурчиња во внатрешноста на колото, по замена на некој дел во него.
  • Употреба на термостат што ги задоволува релевантните барања за примена.