nin-snrNTN-SNR, трета најголема групација за производство на лежишта во светот, е главен партнер во автомобилската индустрија и авио индустријата.

Компаниите NTN и SNR ги здружија своите сили за да станат посилни ширум светот и да ја подобрат нивната позиција во Европа.

Сега заедно како една група, брендовите NTN и SNR јасно го извлекуваат максимумот од нивната синергија, технолошки, географски, индустриски и комерцијално.

Заеднички вредности…

NTN и SNR ги делат истите вредности во текот на 90-тите години во кои двете компании постојат:

  • единствена филозофија: нова технологија и иновација за зголемено задоволство на купувачите
  • и почит кон културите на обете компании.

NTN-SNR има широк асортиман на лежишта, куќишта, заптивки за пренос и линеарни водилки, приспособени на потребите на индустриските, авио и автомобилските пазари.

NTN-SNR автомобилски пазари и производи

NTN-SNR, водечка улога на автомобилскиот пазар

Светски лидер во лежишта за тркала NTN-SNR, еден од главните партнери на автомобилската индустрија.

Како вистински производител и развивач на оригинална опрема, NTN-SNR нуди експертиза и иновативни технолошки решенија, признати од страна на сите големи  светски производители на автомобили.

NTN-SNR автомобилски пазари

NTN-SNR е водечки играч во автомобилскиот свет. Поголемиот дел од возилата во Европа денес се опремени со технологијата на NTN-SNR.

Осум производствени погони и два логистички централна во Европа, центрите за истражување и развој, дизајн, како и продажните и техничките тимови обезбедуваат силно локално присуство, овозможувајќи да се обезбеди оптимален одговор во најкус можен рок на секоја од потреба на крајните потрошувачи.

Со силата на двата бренда NTN и SNR можеме да понудиме целосен асортиман на лежишта за сите автомобилски примени:

шасија,

менувач,

мотор,

пренос и

додатоци
Положбата на NTN-SNR, лидер во Европа е сведоштво на мноштво признанија од купувачите.

Од програмата на NTN-SNR како признат лидер за лежишта, можеме да ви ги понудиме сите технолошки решенија за оригинална опрема и за пазарот на резервни делови:

лежишта за тркала,

лежишта за менувач,

лежишта за мотор,

лежишта за алтернатор,

лежишта за додатоци (ременици итн.),

лежишта за потпирање,

лежишта за деблокирање на спојката

заптивки.

Со комбинација на две технологии (електроника и механика “мехатроника“) NTN-SNR успешно го создаде глобалниот стандард ASB®-технологија:  мерење на брзината, мерење на аглите и мерење на силата, го комбинира најдоброто од двете технологии за да обезбеди најиновативни и најмоќни решенија.