vernetПРЕТВОРЕТЕ ЈА ТОПЛИНАТА ВО ДВИЖЕЊЕ!

VERNET™ произведува термостатски елементи повеќе од 50 години.

VERNET™ е еден од светските водачи во оваа област. Неговата експертиза и постојан квалитет на истражување ја оправдуваат нивната позиција на врвен доставувач во автомобилската индустрија и водач кај повеќето производители на санитарни и грејни инсталации.

Teрмостатските елементи VERNET™ ја претвораат топлотната енергија во механичка енергија користејќи го проширувањето на восокот од неговата цврста во течна состојба (топлината предизвикува механичко движење). Има два различни вида елементи: рамна дијафрагма и стискај-притисни дизајни.

Производите произведени од VERNET™ (термостати, капачиња за радијатори и термоконтакти за електричен радијатор), помагаат за брзо постигнување на идеалната температура во системот за ладење, во согласност со спцификациите на производителите на мотори.

Соодветната употреба на овие уреди помага да се постигне најдобар перформанс на моторот, произведувајќи:

  • подобрувања во согорувањето;
  • мала потрошувачка на гориво и лубриканти;
  • помалку гасови од согорувањето;
  • подолг век на траење на моторот;
  • поблаг перформанс;
  • подобар севупен перформанс на моторот;

Препораки: за соодветен перформанс на системот за ладење, важно е сите други уреди (радијатор, водна пумпа, цевковод, црева и течност за ладење) да се во оптимална работна состојба.