1. Зошто моторот е ладен?

Осигурајте се дека имате инсталирано термостат и дека работи во опсегот на темпераура наведен од страна на производителот на автомобили. Видете каталог.

  1. Зошто моторот прегрејува?

Причини за тоа може да бидат: радијаторот е валкан, пречка во колото за ладење (блокирани цевки), мала количина течност за ладење или дефектен термостат и/или термоконтакт.

  1. Зошто индикаторот за температура покажува променливи отчитувања?

Осигурајте се дека електричниот вентилатор се приклучува и се исклучува на температурата наведена од страна на производителот.

  1. Зошто електричниот вентилатор не запира?

Поради преоптоварување во електричното коло, завршоците на термоконтактот можат да се спојат затворени. Заменете ги и поправете ја причината за преоптоварувањето.

  1. Зошто електричниот вентилатор не се поврзува?

Осигурајте се дека сите електрични уреди (кабли, електричен вентилатор, елекрични осигурувачи, релеј, отпорници) се во оптимална работна состојба и проверете го соодветниот проток на течност за ладење помеѓу моторот и радијаторот. Ако не се појави дефект, заменете го термоконтактот.

  1. Зошто електричниот вентилатор се вклучува само кога моторот е премногу топол? (Над одредената температура за поврзување)

Наслагите од бигор во телото на термоконтактот можат да предизвикаат слаб пренос на топлина низ него, што ќе ја одложи акцијата на двометалниот контакт. Отстранете го и вниматилно исчистете ја засегнатата област. Ако дефектот продолжи, заменете го термоконтактот.

  1. Дали термостатот/темоконтактот е под влијание на состојбата на течноста за ладење?

Да, важно е во колото да нема нечистотии и ‘рѓа, што овозможува соодветна работа на составните делови и подолг век на траење.

  1. Колкав е векот на траење на термостатот/темоконтактот?

Се препорачува замена на термостатот/темоконтактот на секои 5 години или на секои 50 000 км.

  1. Дали температурата на отворање на термостатот и температурата на вклучување/исклучување на термоконтактот се поврзани?

Да, температурата на вклучување на термоконтактот е повисока од номиналната температура на отворање на термостатот, и тоа е одредено од производителот на возилото.

  1. Што се случува ако колото на ладење не е правилно исчистено?

Ако има воздушни меурчиња во внатрешноста на колото, притисокот и температурата ќе се зголемат, предизвикувајќи дефект на уредите.

  1. Што се случува ако се удри термоконтактот?

Поради важноста на внатрешните димензии помеѓу краевите, пад или удар може да предизвика изместување од местењата. Се препорачува замена.

  1. Што се случува ако се удри термостатот?

Ако нема штета што ја избегнува соодветната инсталиција, не би требало да има дефект, иако се препорачува замена.

  1. Дали треба колото на ладење да биде целосно исчистено?

Да, важно е греењето да биде вклучено во текот на чистењето за да овозможи целосно отстранување на нечистотиите од колото.

  1. Може ли неисправен електричен вентилатор да го оштети термоконтактот?

Да, важно е електричниот вентилатор да е чист и да работи мирно за да се избегне преоптоварување на краевите, со што се скратува векот на траење на производот.

  1. Дали е прилагодувањето на вртежите на термоконтактот во блокот на радијаторот или на моторот важно?

Прекумерните вртежи ќе предизвикаат изместување од подесувањата; се препорачува употреба на клуч од 29 мм и максимален вртеж од 3ккм. Исто така, се препорачува употреба на нов дихтунг.