valeo_top

Палење

Со купувањето на моторната електронска дивизија од Johnson Controls во Јануари 2005 година, сега преименувано во Valeo Engine Management Systems, Valeo ја покажа својата извонредност во технологиите за управување со моторот.

Клучни предности на Valeo:

  • Valeo го презема водството во технологиите за управување со мотори со нова понуда на квалитетни производи од оригинална опрема (ОЕ): бомбини во облик на пенкало, бомбини (шини) за палење, приклучоци и сензори со 25 нови производи што се веќе достапни, презентирани во каталогот од 2005 година;
  • Valeo е присутен во сите видови технологии адаптирани на сите видови бензински мотори;
  • 95% покриеност на францускиот возен парк;
  • сеопфатна понуда на резервни делови за системи за палење: модули, кондензатори, контактни сетови, разводни капи, нисконапонски и високонапонски комплети;
  • асортиман на свеќици што ги покрива и ги задоволува потребите на постојано променливиот пазар, користејќи технологии со една и повеќе електроди. Овие различни ултракомпактни технологии одговараат на различните очекувања на пазарите (автосалони, гаражи, автоцентри итн.)

Свеќиците Valeo се произведени како оригинална опрема, и затоа одговараат на стриктните спецификации на производителите на автомобили.

Valeo – автентична култура на квалитет

Valeo, како голем производител и лидер во оригиналната опрема за контролни системи за моторот, има големо искуство во технологиите што ја подобруваат сигурноста и перформансите на моторот (ECU, „Еngine Control Unit“ – контролна единица на моторот, бомбини, сензори за возење и вентили за рециркулација на издувните гасови “ЕGR“).

Произведени во две фабрики со висок капацитет на автоматизација во Франција – центар за истражување и развој (Pontoise) и производен погон (Sainte Florine), бомбините Valeo се 100% со оригинално потекло.

Конкурентен и целосен асортиман

 

Valeo нуди 75 референции, кои покриваат 61% од европскиот возен парк во оптек (TECDOC покриеност). Комплементарно на тие технички производи, понудата на бомбини Valeo ги опфаќа сите достапни технологии на пазарот: (калеми со масло, бомбини во вид на пенкало, суви калеми и калеми за рампи.

 

Valeo е еден од главните снабдувачи со оригинална опрема на Renault и PSA, со опсег неодамна дополнет со топ-10 возила во Европа:

  • Renault Clio II & III, Mégane, Scenic I & II, Laguna II, Kangoo;
  • Group VAG, ignition coils “Top plug”;
  • Audi A III;
  • SEAT Ibiza, Leon I & II, Toledo;
  • SKODA Fabia, Octavia;
  • Volkswagen Bora, Golf II, III, Passat, Polo, Tiguan;
  • Ford калеми за палење со 4 излези;
  • Ford Focus , C Max, Ka, Sierra;
  • Mazda 121, Tribute;

Четири технологии понудени од Valeo

Бомбини рампа: се состои од 4 калеми вметнати во еден блок и директно ставени на главите на четирите приклучоци. Склопот од 2 до 4 индивидуални калеми во само еден модул ја има предноста на намалување на бројот на монтирања и на суровини. Во случај да се оштети еден модул, целиот систем мора да се замени.

 

Карактеристики:

  • вклучен драјвер за електроника;
  • механизам на чувствителни јони;
  • електроника за EOBD (European On Bord Diagnose);
  • сигурност
  • кm 0 < 10 ppm;
  • оптимизиран дизајн;
  • компактна тежина < 1000 г.

 

Бомбина во вид на пенкало: една бомбина на цилиндар со индивидуална контрола и со  вметнат кабел во бомбината. Овие бомбини се ставени директно на свеќицата и го намалуваат просторот под капакот на моторот.

Предности: отстранувањето на каблите за палење со висок напон овозможува намалување на трошоците, се минимизираат загубите на енергија и бомбината може да биде ставен директно на свеќицата.

 

Бомбина «TopPlug»: исто така, потребна е еден бомбина по цилиндар со индивидуална контрола и вметнат кабел. Бомбините што се над свеќицата се изложени на поголема температура во долниот дел од оние во форма на пенкало. (T°max~140°C).

Овие бомбини се ставени директно на свеќицата и заземаат многу мал простор.

Празниот простор во шуплината на свеќицата го овозможува вметнувањето на калемите со високи перформанси.

Компактни бомбини : со 2 и 4 излези: две бомбини во иста кутија обезбедуваат палење на мотор со 4 цилиндри. Контактот се губи кога еден цилиндар се отвора да согорува додека друг ја пали мешавината во воздухот/горивото под притисок. Електричните излези се поврзани со четирите цилиндри преку четири високонапонски жици за палење. Овој вид калем е покомпактен од останатите.

Врската со свеќиците се остварува преку високонапонските кабли. Со бомбините ставени покрај цилиндрите се добива:

  • поголема интеграција на објектот
  • изложеност на релативно ниски температури (T°max=120°C)
  • економично решение и лесно за монтирање.