valeo_top

Овие системи ги подобруваат безбедноста и удобноста во возењето нудејќи лесен пристап и зголемена видливост за 360° околу возилото, притоа создавајќи ергономски, интуитивен однос со неговата околина.

Деловната група Comfort and Driving Assistance Systems се состои од четири групи производи: помош при возење, внатрешни контроли, внатрешна електроника и механизми за пристап.

Клучни бројки:

  • 1,7 милијарди евра од продажба (2010)
  • 10 699 вработени
  • 22 производни места
  • 10 истражувачки центри
  • 10 развојни центри

Помош при возење

Valeo e единствениот глобален доставувач што нуди масовно производство на сите три технологии за откривање околу возилото: ултразвучни, камери и радари. Ова го прави Valeo партнер што го избираат производителите на автомобили, кој што развива идни системи во кои ќе бидат вметнати неколку видови сензори со цел да се понудат нови перформанси. Покрај тоа што го прави урбаното возење побезбедно, системите за помош при возење, исто така, го подобруваат протокот на сообраќај, притоа намалувајќи ги емисиите на CO2.

Ултразвучни и инфрацрвени сензори: се употребуваат во системот Park4U™ за полуавтоматско паркирање и исто така, го активираат системот за откривање дожд/светло/влажност со повеќефункционалните сензори. Во комбинација со камера, системот ParkVue™ му овозможува на возачот совршена прегледност зад возилото и прецизна индикација на растојанија;

Радари: составен дел на системот за откривање слепи точки, за побезбедна промена на лентата, и на системот што открива возила или пречки при излегување наназад од паркинг-местото кога видливоста е ограничена. Овие системи го предупредуваат возачот кога има возило или пречка во една од мртвите точки на двете страни на возилото;
Камери: системот со повеќе камери 360Vue™ нуди целосна прегледност околу возилото. Камерите, исто така, се употребуваат во системот за надзор LaneGuide™ за откривање на ненамерни напуштања на лентата.

Внатрешни контроли и внатрешна електроника

* Врвни модули: тие претставуваат електронски комуникациски центар помеѓу безбедносните функции и централниот електронски систем на кабината. Valeo e првиот доставувач кој во 2009 година го вметна системот flexray во врвните модули за оптимизирање на податочната комуникација помеѓу овие функции;

* Модули за префрлување и воспоставување однос со возачот (HMI или Human-Machine Interface): новите поврзувања ги управуваат системите за климатизација и мултимедијалните апликациите и се ергономски дизајнирани за лесна употреба, притоа обезбедувајќи оптимална безбедност;

* Сензори за аголот на управување (сензори за агол и вртежи);

* Единици за контрола на електрониката во кабината и управувањето со батеријата

 

Механизми за пристап

* „Паметен“ клуч за автомобил: нова генерација на клучеви hands-free, кои им овозможуваат на корисниците да испраќаат информации до нивното возило на значително растојание (неколку стотици метри). Тие прикажуваа информации од типот дали вратите се заклучени, а алармот е активиран, за притисокот во гумите и нивото на гориво. Клучот може да биде употребен за однапред да се намести позицијата на седиштето или радиостаницата, претходно да се проветри кабината или претходно да се загреат седиштата, или за многу други функции што бараат комуникација помеѓу корисникот и возилото. Во 2009 година оваа група производи го додаде во својот асортиман „интелигентни клучеви“, особено со интеграцијата на функциите за електрични возила (индикатор за полнење, претходно загревање и претходно климатизирање);

 

* Брави Optimum: овој вид брава, стандардизирана ширум светот, ги подобрува и едноставното користење и робустноста. Не се чувствува чуден механички отпор при употреба, а системот нуди постојано ниво на задоволство во целиот век на траење на возилото. Исто така, полесна е за производство и ја намалува тежината на системот за заклучување;

* Системи за влегување и палење без клуч;

* Автоматско затворање на вратата од багажникот со откривање движења;

* Далечински контроли и приемници на радиофреквенции;

* Помош при затворањето на задните врати;

* Системи за имобилизирање базирани на транспондер;

* Механички и електрични брави за управувачкиот столб;

* Рачки (вклучувајќи мехатроничко справување со системи со hands-free

пристап);

* Механички клучеви и брави.

Valeo, како клучен играч на пазарот за оригинална опрема и во улога на технолошки експерт за сигурност и електроника, нуди разновиден асортиман опрема наменета за пазарот на резервни делови по две главни линии на раст:

Производи за замена:

  • прекинувачи на воланот: 273 референци за делови (посебни рачки или целосни модули);
  • системи за безбедност: 608 референци за делови (брави за управувачкиот столб, брави, колекции, рачки за врата, брави и придвижувачи);
  • капачиња за бензин: 93 референци за делови;
  • подигнувачи на прозорци: 512 референци за делови (електрични и електронски);
  • електрични додатоци: 171 референци за делови.

 

Клучни предности на Valeo:

  • најнови технологии достапни на пазарот за резервни делови (прекинувачи на воланот, системи за безбедност);
  • разновидност на асортиманот;
  • eтикета valeorigin за деловите од оригиналната oпрема (прекинувачи на воланот, системи за безбедност);
  • каталози на неколку јазици;

 

Производи за постопремување:

Beep & Park (помош при паркирање): 5 референци за делови;

Опрема Hands Free: 3 референци за делови;

Клучни предности на Valeo:

  • пристап ориентиран кон потрошувачите (комуникациски алатки, привлечно пакување, дискретни сензори за браници, сензори во повеќе бои, визуелен екран);
  • професионално-ориентиран пристап кон поправките (инструкции за местење, опрема подготвена за користење, намалено време за монтирање, лесна замена на сензорот, алатки за продажба);
  • понуда на производи што постојано се менува, а цели на безбедноста и удобноста на возачот;