valeo_top

sistemi-za-kocenjeСистеми за кочење

Valeo нуди производи за кочење што покриваат 98% од европскиот возен парк. Палетата производи на Valeo Premium соодветствува на висококвалитетни производи за високо ниво на безбедност: гуртни, дискови за кочници, комплети задни кочници, гуртни за кочење како и хидраулични делови.

Клучни предности на Valeo:

Разновидни директни предности за дистрибутерот и за професионалниот сервисер:

  • инструкции прилагодени за секаков вид кочници;
  • стилско пакување креирано за секоја дистрибутивна мрежа: пакувања во пластична фолија за автоцентрите и некршлива картонска амбалажа затворена со зглобни капаци за традиционалната мрежа;
  • специфично компактно пакување за гуртни, со кое се намалува обемот на складирање за приближно 40%;
  • однапред составени комплети: поедноставување и намалување на времето за монтирање на возилото;
  • етикета на пакувањето што ги содржи сите потребни информации за производот и технички пресек, што овозможува идентификација на производот без отворање на кутијата.