valeo_top

МОЌТА НА КВАЧИЛАТА  VALEO

Приказната е започната уште во 1923 во Сант-Уан (Франција) со производството на гуртни за сопирачки и ламели. Во осумдесеттите, компанијата го зеде името „Valeo“ што значи „Добро сум“ на латински. Изгледа дека ова име им донесе среќа!

Денес, Valeo е еден од најголемите производители на делови за автомобили во светот. Лоцирана во 27 држави, групацијата Valeo има вработено над 60 000 луѓе во 109 производни погони, 20 центри за истражување и развој и 10 платформи за дистрибуција. Врши достава и на пазарот на оригинални произведувачи и на пазарот за резервни делови.

Valeo е партнер за квачила 79 години, денес произведувајќи во 12 погони низ сите континенти. Интензивната дистрибутивна мрежа на Valeo опфаќа повеќе од 80 земји ширум светот и нашите стручни тимови имаат значајно искуство во дијагностицирање, моделирање, мерење и контролирање на проблемите со вибрирање и бучава во автомобилските системи и компоненти.

Сите квачила Valeo се произведени по сите стандарди за целосен квалитет Valeo, кој ги прави производите Valeo ефикасни и сигурни.

Купувачите на Valeo на пазарот на резервни делови добиваат цврстина и квалитет според оваа експертиза на производителите на оригинална опрема (ОЕМ).

Едно од три возила во Европа е опремено со квачила Valeo.

Со 1 800 броја за делови за целосна опрема и 700 референци за резервни делови, вклучувајќи ги и хидраулични цилиндри. Valeo постојано го развива и го проширува својот асортиман за патнички возила, лесни воени возила, камиони и трактори за земјоделство. Произведени во 12 погони низ 4 континенти, комплетите и деловите за квачила Valeo се дистрибуираат во повеќе од 80 држави.

Valeo постојано го засилува своето присуство во производството на оригинална опрема со зголемено присуство како и кај германските производители на автомобили. Згора на тоа, производителите на оригинална опрема веруваат во технолошката експертиза на Valeo. Најнов пример е Mercedes, кој ги избра амортизерите за долги патувања DMF (Long Travel Damper DMF) на Valeo со внатрешен амортизер за моделите од А/Б класа. Valeo ги задоволува потребите на голем број брендови и апликации.

Клучни предности на Valeo:

  • широк асортиман кој покрива 98% од европскиот возен парк;
  • најнови технологии: погонски тркала со двојна маса, флексибилни погонски тркала, хидраулични спојки, комплет со 4 делови наменет за пазарот за резервни делови
  • делови со висок квалитет кои потекнуваат од технологиите развиени на пазарот на оригинална опрема и се достапни на пазарот за резервни делови;
  • ЦД со упатство со фотосеквенци и пресеци за објаснување. Информирањето завршува со програма за дијагностицирања и калкулација на фиксната цена на понудите.
  • уникатно пакување што ја држи опремата свиткана во филм и го спречува мрдањето на деловите. Oва пакување гарантира заштита на деловите при носење.