Valeo групацијата има 4 деловни групи, се состои од 16 групи производи што се доставуваат на пазарот за оригинална опрема и на пазарот за резервни делови.
Во делот за оригинална опрема, Valeo ги снабдува сите големи производители на автомобили ширум светот.
Во однос на деловите за замена и за поправки, Valeo ги снабдува со оригинални резервни делови сите независни пазари за резервни делови преку својата посветена организација Valeo Service.
Четирите деловни групи се: Powertrain Systems, Thermal Systems, Comfort and Driving Assistance Systems и Visibility Systems.
Powertrain Systems
Oваа деловна група развива иновативни решенија за намалување на потрошувачката на гориво и емисиите на CO2, а воедно го одржуваат задоволството од возењето. Овие решенија вклучуваат комплетен асортиман на производи за електрифицирање и хибридизација на возилата.
Деловната група Powertrain Systems опфаќа пет групи производи: електрични системи, преносни системи, системи за управување со моторот, системи за управување со воздухот и хибридни и електрични системи за возила.
Клучни бројки:
- 2,7 милијарди евра од продажба (2010)
- 14 800 вработени
- 30 производни места
- 4 истражувачки центри
- 15 развојни центри
Thermal Systems
Овие системи обезбедуваат поголема ефикасност и автономија, подолготрајни компоненти, како и поголема удобност, без оглед на надворешната температура. Технологиите развиени од оваа деловна група придонесуваат за оптимизирање на удобноста во кабината и за намалување на потрошувачката на енергија.
Деловната група Thermal Systems опфаќа четири групи производи: контрола на климатизацијата, термални системи Powertrain, компресори и модули.
Клучни бројки:
- 2,9 милијарди евра од продажба (2010)
- 14 400 вработени
- 36 производни места
- 4 истражувачки центри
- 11 развојни центри
Comfort and Driving Assistance Systems
Oвие системи ги подобруваат безбедноста и удобноста во возењето нудејќи лесен пристап и зголемена видливост за 360° околу возилото, притоа создавајќи ергономски, интуитивен однос со неговата околина.
Деловната група Comfort and Driving Assistance Systems опфаќа четири групи производи: помош при возење, внатрешни контроли, внатрешна електроника и механизми за пристап.
Клучни бројки:
- 1,7 милијарди евра од продажба (2010)
- 10 699 вработени
- 22 производни места
- 10 истражувачки центри
- 10 развојни центри
Visibility Systems
Oвие системи нудат решенија за сите временски услови и услови за возење со максимална видливост (да видите и да бидете видени). Системите развиени од оваа деловна група придонесуваат за безбедноста преку подобрување на видливоста на возилото и видливоста на возачот, притоа штедејќи енергија.
Деловната група Visibility Systems опфаќа три групи производи: системи за осветлување, системи за бришачи и мотори за бришачи.
Клучни бројки:
- 2,3 милијарди евра од продажба (2010)
- 16 600 вработени
- 35 производни места
- 6 истражувачки центри
- 24 развојни центри