Осветлување и сигнализација
Valeo располага со широк асортиман производи со висок квалитет, кој се должи на неговата клучна позиција на пазарот за оригинална опрема (ОЕ). Со меѓународен опсег за возила што се возат од десна страна и возила што се возат од лева страна како предност, вклучувајќи 1080 референци за делови за главните фарови, 120 референци за делови за помошните фарови, 250 референци за делови за предните светла и 370 референци за делови за задните светла, Valeo редовно го проширува својот асортиман и гарантира достапност на деловите за нови возила и нови технологии развиени на пазарот за оригинална опрема (ОЕ).
Клучни предности на Valeo:
- 100 % високи перформанси на оригинална опрема (ОЕ), производи со врвен квалитет;
- голема покриеност на возниот парк: речиси 1 од 2 возила е опремено со светла или фарови Valeo како оригинална опрема;
- најновите технологии се применуваат на пазарот за резервни делови:
- Xenon: системот Xenon се карактеризира со типот светлина што ја емитува (слична на дневната светлина) и со светлосни зраци што се посилни од оние на конвенционалните халогенски фарови. Опремен е со автоматски систем за изедначување за да се максимизира ефикасноста на светлото. За приклучните зраци, интегрираните механизми за чистење обезбедуваат постојана чистота, овозможувајќи оптимизирано осветлување без да им пречи на возачите од спротивната страна.
- ЛЕД-диодите (диоди за емитување светло) за задните светла се
оптронички компоненти што емитуваат светло по пат на транспaрентен кристал кој се однесува како полупроводник кога е вклучен во струја. Времето потребно за задните светла да се вклучат е намалено и му дозволува на возачот да ги предвиди потенцијалните опасни ситуации. Ова го намалува растојанието на кочење за 5 метри, за возило кое одзади вози со 120 км/ч.