СИСТЕМИ ЗА РЕБРЕСТИ  РЕМЕНИ

КОМПЛЕТ РЕБРЕСТИ РЕМЕНИ

Комплетно решение за замена на системот за ребрест ремен.

Број на делови во опсег: 412

Стапка на покриеност на популацијата европски автомобили: 94,58%

Пример број за дел: КН 70

Најповолно решение: комплет ребрест каиш

Замената на ланецот секогаш е деликатна работа, бидејќи влијае на работата на самиот мотор. Оваа работа јасно бара професионална експертиза, но исто така бара и решенија за замена на делови што се поврзани со секој систем за возење, а според тоа и со секој мотор. Решението за замена на ребрестиот каиш на Hutchinson e идеално заменско решение и ви ги обезбедува сите потребни делови:

  • ребрести каиши (1 или 2 зависи од примената);
  • затегнувачи;
  • федери;
  • завртки, приклучоци;
  • упатство за инсталирање доколку замената бара посебно внимание;

Квалитетот на прво место

Асортиманот на системи за ребрести каиши Hutchinson е еден од најзастапените на пазарот (покриеност на 90-96% од автомобилите, зависно од земјата) и ве осигурува дека ќе добиете делови со квалитет еквивалентен на оригиналот. Елементите од кои се состои се креирани, произведени и тестирани за да ги задоволат барањата за квалитет на производителите.

Така, ребрестиот каиш Hutchinson е направен од мешавина на еластомер специфичен за секоја примена, фиберглас-кабел со засилена структура и полиамиден материјал. Понатаму, Hutchinson го презема специфичниот развој на затегнувачи кои се конкурентни и исклучително сигурни: дизајнот на некои делови е подобрен (двореден лагер, висококвалитетно масло, засилена внатрешна структура) за да обезбеди квалитетен перформанс, еквивалентен на оригиналниот и уште поголем.