ПРЕНОС НА ТЕЧНОСТ

Висококвалитетни црева за гориво и за други употреби.

Црева за гориво

Број на делови во опсег: 29

Пример број за дел: XTBA 03 (ALIZE)

Црева за автомобилско гориво и повеќенаменски црева

Доставувач на веднаш прилагодливо до бројни производители на автомобили, Hutchinson денес е препознатилив како водечки светски експерт за решенија за пренос на течност кај автомобилите. За контрола на дизајнот и производството, Hustchinson ја користи високоразвиената технологијата и придобивките од нејзината експертиза во делови од еластомер.

За автомобилски резервни делови, Hutchinson продава асортиман посебно наменет за замена на цревата за снабдување (доток) со гориво (бензин, дизел, безоловен бензин) и црева за специјални намени (гумици за ветробранско стакло, воздух, вода, нафта):

  • ALIZE (DIN73379 тип 2A): за пренос на сите видови гориво: мешавини од дизел и вид зелен диестер, мешавни од бензин и вид зелен етанол, мешавини од вода и гликол, масло (стандард ASTM3), производи за чистење на ветробранското стакло;
  • HNBR (STE B 215540): за дизел-пумпа со висок притисок;
  • CARBURAIGLE SP (SAE 30 R6/30): за сите горива, безоловни и адитиви: SP95, SP98, Super, E85;
  • CRISTALAIGLE: црево за повеќе примени при состојби што не се под притисок (бензин, воздх, вода);
  • GONFLAIGLE BLEU: компресна воздушна цевка за индустрија, гаражи и сервисни станици.

 

Цревата за гориво Hutchinson се продаваат на ролна. Показната единица за држачот на ролни е доставена до дистрибутерите.

Исклучително отпорна структура

Структурата на цревото е генерално составена од три различни елементи што ги извршуваат основните функции:

  • доводна цевка: во директен контакт со течностите што се пренесуват, доводната цевка мора да биде направена од соодветни хемиски елементи: (специфични еластомери: NR, SBR, Polybutadiene, EPDM, HNBR, Neoprene…), гарантирајќи соодветен отпор на истекување и сила;
  • зацврстувач: во материјал или жица (памук, полиестер, Кевлар, стакло итн.), зацврстувачот е наменет да го задржи цревото во својот првобитен цилиндричен облик, и покрај механичките оптоварувања и притисоците. Важно е да се усогласи со аглите на толеранција на радиусот на кривините за да се избегне потиснување на цевката, што ќе предизвика предвремено абење.
  • обвивка: надворешниот дел на цревото, обвивката, не игра само естетска улога, туку, напротив: покрај тоа што го држи зацврстувачот, ја штити цевката од надворешни влијанија: екстремни температури, абразија, озон, неповолни временски услови, прскање од различни извори.

Армирани црева

Светски експерт во пренос на течност во моторот

Доставувач на веднаш прилагодливо до бројни производители на автомобили, Hutchinson денес е препознатлив како водечки светски експерт за решенија за цевки за систем за ладење на моторот. За контрола на дизајнот и производството, Hustchinson ја користи високоразвиената технологијата, поради нејзината дигитална пресметка на капацитет и нејзиното експертско знаење во областа на механика за течности, и придобивките од неговото значајно познавање на пластични, силиконски, метални и гумени материјали кои се употребени во овие сé посложени делови. Hutchinson стана водач на пазарот со лесни и сигурни решенија за производителите со широк асортиман на поврзувања со брзо ослободување и со кликнување.

Поврзување со армирани црева

Во поглед на автомобилските резервни делови, Hutchinson нуди пристап до веднаш прилагодливи делови за замена на радијаторските влезни и излезни црева, делови што се употребуваат за кружење на течноста за ладење. Рокот на траење на цевките е приближен на оној на возилото, но како и да е, некои цевки се подложни на природно или случајно абење (преден удар, проекција, протекување итн.).

Асортиманот на резервни делови Hutchinson е моментално достапен, па не се двоумете да ги побарате потребните делови во одделот за продажба.