Широк спектар на комплетни амортизациски системи или составни делови за амортизациски системи, со квалитет еквивалентен на оригиналниот.

Hutchinson горни делови од амортизери

Светски водач во антивибрациските системи и специјалист за автомобилски гумени делови, Hutchinson доставува ублажувачи на вибрации до многу произведувачи. Бидејќи лагерот не е секогаш вметнат во оригинално моделираниот дел, Hutchinson има развиено проширен асортиман на амортизациски комплети, идеално решение за целосна замена на системот за крајно запирање.

Овој асортиман ја покрива замената на McPherson или двонасочни амортизери и на задните амортизери, каде што лагерот често е вметнат во комплетот составни делови.

Kомплетите од амортизери Hutchinson обично содржат:

  • еден лагер што може, но и не мора да е вграден во филтерот;
  • чаура позната како ублажувач на вибрации;
  • сет завртки, навртки и гумици;

Покрај тоа, Hutchinson доставува и комплет за заштита што се состои од термопластична заштитна обвивка и полиуретански браници.

Удобност и безбедност

Hutchinson e технолошки водач и пионер во антивибрациските системи. Доставувач на првокласна опрема, Hutchinson ги внесува своите знаења за автомобилските резервни делови во технологијата за изолација на вибрациите. Основниот составен дел, гумената чаура или ублажувачот на вибрации, ја обезбедува поврзаноста помеѓу амортизацискиот систем  и структурата на самата шасија. Тој претставува последна одбрана од високофреквентните вибрации од патот. Дефектната основна плоча (згмечена гума) автоматски води до загуба на удобноста со вибрации во воланот или во командната табла и со тапи бучави, проследени со ризик за задржување на патот и безбедноста на патниците, помалку прецизно управување, предвремено абење на гумите или ублажувачите на вибрации.

Абењето на лагерот исто така предизвикува загуба на прецизност во управувањето и удобноста во возењето со потешко и побучно управување.

Важно е да се мисли на амортизерот како на целосен систем што работи динамично и координирано. Изабен дел кој не е сменет може да предизвика предвремено абење на соседните делови. Така, треба да гледате на ублажувачот на вибрации, комплетот за амортизирање и комплетот за заштита како неразделно поврзани и да ги проверите и замените во исто време за да обезбедите сигурност, прецизност и удобност во возењето.

Делови за предница

Доставувачот на оригинални делови и светски водач Hutchinson нуди целосен асортиман на антивибрациски резервни делови, со квалитет еднаков на оригиналата опрема.

HUTCHINSON, доставувач на оригинални делови и водач во антивибрациските технологиии за автомобили со својата подружница PAULSTRA®, нуди целосен асортиман на повеќе од 1000 антивибрациски делови достапни како резервни делови:

– гумени држачи или чаура за виљушка,

– балан штангли и гумици за балан штангли,

– ублажувач на вибрациите,

– заден трап,

– држач на мотор,

– држач за менувач,

– гумен амортизер за ауспух.

HUTCHINSON PAULSTRA®, оригинални антивибрациски технологии

Од првите примени, кои едноставно комбинираат метал и гума (еластомер) за моторот на Citroën’s Traction Avant, па сé до последните хидраулични и електрични држачи за најновата BMW Series 5, HUTCHINSON PAULSTRA® стана светски водач во антивибрациски технологии за автомобили. Со менувањето на барањата на производителите, Hutchinson има развиено бројни, некогаш сложени антивибрациски решенија:

  • биматеријални решенија;
  • активни хидраулични системи (масло во затворен кружен тек)
  • електрично контролирани држачи

Teжината на возилото, моќта на дизел-моторите, температурата во околината на моторот, силата на кинење, сите овие параметри се пресметани со цел да се оптимизира секој дел. Силата на HUTCHINSON е во неговата способност за иновирање, за спроведување специфично истражување и развој, за да го развие и да го произведе секој дел со единствени комбинации на материјали посветени на секои возило.

Сигурност и удобност: возење со спокој

Таканаречените гума-метал делови играат суштинска улога во антивибрациските системи, сместувајќи ве вас, како патник во возилото, во „гумена заштитна ќелија“ што ги филтрира сите вибрации што доаѓаат во патничкиот простор и ви обезбедува максимална удобност и тишина.

Згора на тоа, тие играат суштинска улога во вашата безбедност. При тестовите за судирање, Euro-Ncap ги дефинира прецизните точки на слабост на држачите на моторот зависно од видот на несреќата, спречувајќи моторот да влезе во патничкиот просторот додека го апсорбира шокот. Затоа е важно да се заменат држачите на моторот со делови со оригинален квалитет од доставувач како што е HUTCHINSON.

Конечно, антивибрациските делови го спречуваат предвременото абење на чувствителните делови на шасијата (виљушка, ублажувач на вибрации) или на моторот (универзални спојки, појаси, катализатори, штица, менувач итн.). Важно е редовно да се врши проверка и замена на овие делови за да се пролонгира нивниот работниот век.