ЗАПТИВКИ ЗА МОТОР И ЗАВРТКИ

Било да е заптивка за глава на цилиндар, завртки за цилиндaр, целосен комплет или комплет за пломбирање: CORTECO нуди широк асортиман на резервни делови поврзани со моторот со оригинален квалитет, на тој начин обезбедувајќи најдобар можен перформанс на моторот.

Резултат на активностите за глобален развој на групата Freudenberg e на пример револуционерната заптивка за глава на цилиндaр во технологијата за широки затворачи, кој помага во намалување на потрошувачката на масло. Овој производ се употребува за новата генерација на бензински мотори, како VAG 2.0 Turbo FSI.

Бидејќи завртките треба секогаш да се менуваат заедно со заптивката за глава на цилиндaр, CORTECO исто така нуди завртки со првокласен квалитет. Така, за заптивките ви треба само еден доставувач!

ЗАПТИВКИ ЗА ГЛАВА НА ЦИЛИНДАР И КОМПЛЕТИ

MEILLOR® – ЗАПТИВКИ

Заптивки и опрема за мотор

Било да се заптивки за глава на цилиндар, завртки за цилиндар, целосни комплети или комплети за пломбирање: CORTECO нуди широк асортиман на резервни делови поврзани со моторот со оригинален квалитет, на тој начин обезбедувајќи најдобар можен перформанс на моторот. Резултат на активностите за глобален развој на групата Freudenberg e на пример револуционерната заптивка за глава на цилиндар во технологијата за широки затворачи, кој помага во намалување на потрошувачката на масло. Овој производ се употребува за новата генерација на бензински мотори, како VAG 2.0 Turbo FSI.

CORTECO нуди целосен асортиман на заптивки за глава на цилиндар, сетови заптивки со оригинален квалитет за ремонтирање на моторот, обезбедувајќи го најдоброто решение за примените на денешниот пазар за резервни делови. Бидејќи заптивките за мотор се многу нагласени делови за пломбирање што треба да издржат температури до 1000°C, треба да се потпрете на докажаниот квалитет на групата Freudenberg.

CORTECO балансира добро помеѓу неговите заптивки за мотор и составни делови со асортиман со повеќе од 4 000 комплети со квалитет на оригинална опрема, вклучувајќи:

  • заптивки за глава на цилиндар
  • сетови заптивки за предниот дел или за целосен ремонт на моторот
  • поединечни заптивки

Сé повеќе и повеќе купувачи ја искористуваат предноста на нашите сеопфатни технички каталози и извонредниот сервис за испорака за да развијат значителен бизнис. Комплетите заптивки и семеринзи/комплети завртки и семеринзи на CORTECO им нудат на магацинските дистрибутери, на трговците на мало и на преработувачите погодност за купување на сите потребни делови од едно место.

ЗАВРТКИ

CORTECO исто така им нуди и цилиндрични завртки како погодност за купување на сите потребни делови од едно место на магацинските дистрибутери и на преработувачите со современи инструкции за монтажа од резервата за итна испорака.

Во околината на моторот, пломбите, заптивките, и цилиндричните завртки имаат техничко синергиско влијание на перформансот. Најновите генерации на мотори се лесни и високо софистицирани. Овие мотори бараат – во случај на поправки на главата на цилиндарот- нови завртки заедно со замената на заптивките за глава. Употребуваните цилиндрични завртки треба да бидат заменети поради фактот дека отстранетите се трајно издолжени, а во многу случаи и оштетени при расклопувањето.