Филтри за масло

Филтрите за масло MECAFILTER го чистат лубрикантното масло од абразивна прашина, метални честички, од остатоците од согорување и сите други нечисти честички, така што до точките на подмачкување стигнува само чисто масло коешто спречува предвремено абење на моторот. Квалитетот и перформансите на филтрите за масло MECAFILTER ја гарантираат безбедноста и долг век на траење на моторите.

Филтрите за масло MECAFILTER ги покриваат сите апликации, вклучувајќи ги моторите на лесни возила, на автобуси, камиони, моторите на пловните мотори, на моторните машини за земјоделска работа и јавни работи.

Високата ефикасност, поврзана со добриот капацитет на филтрите за масло MECAFILTER за задржување прашина (долг век на траење), препознаени од големите производители на автомобили, обезбедуваат  сигурност за најдобра изведба на моторите во најлоши услови на работа.

Со неговите истражувачки и развојни (R&D) погодности, со неговите лаборатории за врвна технологија, со неговите високи перформанси како филтрирачки медиум, MECAFILTER дизајнира и произведува филтри за масло сѐ покомпактни и со високи перформанси во согласност со барањата на производителите на автомобили, запазувајќи подолг временски интервал за менување на маслото.

Не заборавајте да го менувате филтерот за масло почесто за да обезбедите подолг век на траење на моторот.