Преферирани грејачи за вашиот мотор

ЕYQUEM се издвојува на пазарот на грејачи по доставата на приклучоци за греење пред- и по-, кои одговараат на последните технолошки развои во системите за директно вбризгување. ЕYQUEM нуди широк асортиман на иновативни грејачи со висок перформанс во согласност со бараните спецификации од производителите на автомобили.

Посебни модели се развиени за моторите со пумпа за висок притисок (Hdi, Dci, Cdi, Tdi, Tdci) инсталирани во денешните возила, т.е. идниот возен парк. Користејќи високоразвиена (state-of-the-art) технологија дури и за првата генерација Diesel и Turbo Diesel возила, грејачите ЕYQUEM обезбедуваат поголема сигурност и понежно возење.

Со голем број двојни приклучоци за греење пред- и по-, асортиманот EYQUEM обезбедува максимална покриеност на меѓународниот пазар за дизел.

Грејачите ЕYQUEM имаат иновативен систем од 3 фази коишто им дозволуваат да работат:

  • пред палење;
  • во текот на палењето;
  • по палењето и кога моторот е запален и работа (во зголемување на брзината) што осигурува моторот да ја достигне својата идеална работна температура побрзо.

ЕYQUEM ви нуди загарантирани сигурност и перформанс:

  • брзо палење (3-5 секунди) дури и на температури од -20° благодарение на дијаметарот на предниот дел од грејачот, кој е смален на минимум.
  • зголемен перформанс и заштита на моторот. Отсранување на тропањето при палење на ладно. Пост загрејувачките периоди се продолжени (до 6 минути) – зависи од оригиналната опрема на возилото и стабилноста на моторот во мирување.
  • оптимизирана потрошувачка на гориво, која се должи на подоброто и поредовно согорување на горивото.
  • намалување на емисиите на загадувачки гасови до 40%. Пост загрејувањето обезбедува подобро согорување на горивото, како и потивка работа на моторот при фазата на греење.

Грејачите ЕYQUEM се произведени во Европа, од суровините па сѐ до финалниот производ, и се изложени на постојани контроли на квалитет во текот на производниот процес.