eyquem

 

 

 

Компанијата Еyquem е основана во 1886 гoдина и е именувана по нејзиниот основач Maurice Equem, француски адвокат. Maurice Equem бил фасциниран од автомобилите и во 1899, по барање на неговиот пријател Louis Renault, тој го создаде неговиот прв систем за палење.

Во 1937 година производството на свеќици беше воспоставено со воведување алуминска изолација, техника што и денес сѐ уште се употребува. Новата технологија ја направи компанијата водач во технологијата за свеќички. Еyquem придонесува во развојот на широк асортиман мотори уште од самиот почеток на автомобилската ера.

Во своите 100 години партнерство со производителите на автомобили, Eyquem го достигна врвот во технолошките иновации. Од 2003 година, Еyquem е дел од групата BERU, водечки германски автомобилски доставувач, фокусиран на најновите технологии, кој сега припаѓа на компанијата BORG WARNER.

Најдобар квалитет за купувачите со најголеми барања

За бизнисот со оригинална опрема, како и за пазарот за резервни делови на Eyquem, свеќичките, грејачите, и каблите за свеќички се произведени во согласност со критериумите за сигурност и перформанс и ги задоволуваат бараните спецификации од производителите на автомобили. Многу контролни пунктови се поставени во текот на производствениот процес.

Системите за квалитет на производствените погони се сертифицирани по ISO 9001:2000 и се во согласност со автомобилските стандарди за квалитет, ISO TS 16949:2002, кој ги одредува барањата за квалитет на системот за дизајн, развој, производство, инсталирање и сервисирање на автомобилските сродни производи.

dielektricen-test

Диелектричен тест под волтажа од 250 КV

EYQUEM e еден од главните доставувачи на светските производители на автомобили, а исто така доставува и производи со квалитет на оригинална опрема на пазарот на резервни делови.