Од своето основање во 1994 година се до денес, основна цел на фирмата ПРО-ЦИТ е приближување на најпознатите ОЕМ[1] производители на резервни делови за патнички и комерцијални возила до купувачите во Р Македонија.
Во почетокот на своето работење фирмата се специјализира за продажба на резервни делови за возила од Француските производители Citroen, Peugeot и Renault, преку реномираните производители на резервни делови и тоа: SNR ROULEMENTS, BENDIX, како и од програмата на VALEO.
Позитивните искуства, како и се поголемата побарувачка на оригинални резервни делови од нашите купувачи појави потреба од проширување на нашата понуда, односно комплетна понуда на целосниот асортиман од наведените производители за сите модели на возила како нивен официјален овластен увозник и дистрибутер за Р Македонија.
Од идејата за проширување на својот делокруг на работење, произлезе и зголемувањето на нашата понуда на оригинални резервни делови и за други групи на производи. Така денес во својата понуда освен наведените реномирани производители, ПРО-ЦИТ успешно ги претставува и следните ОЕМ производители: HUTCHINSON, EYQUEM, CORTECO, MECAFILTER, VERNET, OCAP.
Освен дејноста поврзана со автомобилската индустрија, особено сакаме да ја истакнеме и нашата понуда на резервни делови за индустријата. Почнувајќи од 2000-та година ПРО-ЦИТ е единствен увозник и дистрибутер на сите видови на лежишта за индустриска намена како и целокупната понуда и на други типови производи од програмата на NTN-SNR.
Во својата понуда ПРО-ЦИТ денес располага со сопствена залиха од над 9000 различни производи од наведените партнери за сите видови на патнички и комерцијални возила, како и индустриски лежишта, со секојдневно зголемување на понудата согласно потребите.
Основни принципи врз кои се базира трговската политика на ПРО-ЦИТ се коректност, точност, заемното почитување и лојалност спрема нашите клиенти и партнери.
Нашите ценети партнери ги претставуваме преку организирана дистрибуција и промовирање на нивните производи на територијата на Македонија. Токму затоа можеме несебично да истакнеме дека денес имаме повеќе од 300 редовни клиенти (продажни салони, независни постпродажни места, независна сервисна мрежа во Македонија) како и повеќе од 1000 крајни корисници стекнати преку сопствен продажен салон.
Следејќи ги искуствата и упатствата од нашите партнери преку разни активности како што се: учество на саемски и стручни презентации, технички семинари, посета на производни локации, перманентно рекламирање, се трудиме успешно и искрено да ги пренесеме искуствата и најновите технички достигнувања до нашите корисници.
Сето ова несомнено е поддржано во секоја смисла од нашите партнери, чиишто програми и најнови технички достигнувања ќе бидат доследно претставени во нашата веб презентација. Се надеваме дека истите ќе го привлечат Вашето внимание.