NTN-SNR, трета најголема групација за производство на лежишта во светот, е главен партнер во автомобилската индустрија и авио индустријата.

Компаниите NTN и SNR ги здружија своите сили за да станат посилни ширум светот и да ја подобрат нивната позиција во Европа.

Сега заедно како една група, брендовите NTN и SNR јасно го извлекуваат максимумот од нивната синергија, технолошки, географски, индустриски и комерцијално.

Заеднички вредности…

NTN и SNR ги делат истите вредности во текот на 90-тите години во кои двете компании постојат:

  • единствена филозофија: нова технологија и иновација за зголемено задоволство на купувачите
  • и почит кон културите на обете компании.

NTN-SNR има широк асортиман на лежишта, куќишта, заптивки за пренос и линеарни водилки, приспособени на потребите на индустриските, авио и автомобилските пазари.

NTN-SNR, водечка улога на автомобилскиот пазар

Светски лидер во лежишта за тркала NTN-SNR, еден од главните партнери на автомобилската индустрија.

Како вистински производител и развивач на оригинална опрема, NTN-SNR нуди експертиза и иновативни технолошки решенија, признати од страна на сите големи  светски производители на автомобили.

NTN-SNR автомобилски пазари

NTN-SNR е водечки играч во автомобилскиот свет. Поголемиот дел од возилата во Европа денес се опремени со технологијата на NTN-SNR.

Осум производствени погони и два логистички централна во Европа, центрите за истражување и развој, дизајн, како и продажните и техничките тимови обезбедуваат силно локално присуство, овозможувајќи да се обезбеди оптимален одговор во најкус можен рок на секоја од потреба на крајните потрошувачи.

Со силата на двата бренда NTN и SNR можеме да понудиме целосен асортиман на лежишта за сите автомобилски примени:

  • шасија,
  • менувач,
  • мотор,
  • пренос и
  • додатоци

Положбата на NTN-SNR, лидер во Европа е сведоштво на мноштво признанија од купувачите.

Од програмата на NTN-SNR како признат лидер за лежишта, можеме да ви ги понудиме сите технолошки решенија за оригинална опрема и за пазарот на резервни делови:

  • лежишта за тркала,
  • лежишта за менувач,
  • лежишта за мотор,
  • лежишта за алтернатор,
  • лежишта за додатоци (ременици итн.),
  • лежишта за потпирање,
  • лежишта за деблокирање на спојката
  • заптивки.

Со комбинација на две технологии (електроника и механика “мехатроника“) NTN-SNR успешно го создаде глобалниот стандард ASB®-технологија:  мерење на брзината, мерење на аглите и мерење на силата, го комбинира најдоброто од двете технологии за да обезбеди најиновативни и најмоќни решенија.